Почетна » Новости » Истражувања » Пиењето на кригла пиво дневно е добро за здравјето

Пиењето на кригла пиво дневно е добро за здравјето

Пиењето на половина литар пиво дневно е добро за здравјето, се вели во ново истражување.

Шпански научници тврдат дека умерената консумација на пиво може да го намали ризикот од дијабетес и висок крвен притисок. Тие дури и велат дека пивото може да помогне при намалувањето на телесната тежина.

Пар што наздравува со пивоПиењето на половина литар пиво дневно е добро за здравјето

Д-р Рамон Еструч и д-р Роса Ламуела испитувале 1249 мажи и жени на возраст над 57 години. Тие откриле дека оние учесници кои се придржувале кон медитеранската диета и пиеле половина литар пиво дневно, не само што не ја покачиле својата тежина, туку и во некои случаи ја намалиле.

Двајцата доктори тврдат дека умереното пиење пиво ги дава истите бенефиции за здравјето како што тоа го прави виното и веруваат дека пивото има заштитнички ефект кон кардиоваскуларниот систем.

Резултатите од нивното истражување покажале дека кај учесниците кои редовно пиеле умерени количини пиво, помал бил ризикот од појава на дијабетес или висок крвен притисок, а освен тоа имале и помало присуство на масти.

Но, истражувачите советуваат дека пивото треба да се консумира со здрава храна, а не со мрсна како што тоа се прави најчесто.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.