Почетна » Новости » Занимливости » Фитнес инспирација: 61-годишна жена целосно си го трансформира телото во 7 години

Фитнес инспирација: 61-годишна жена целосно си го трансформира телото во 7 години

Моника Буске ќе ве инспирира да ги оставите зад себе изговорите и да започнете да тренирате.

61-годишната жена од Бразил постојано ги покажува мускулите на телото кои ги доби во текот на своето 7-годишно фитнес патување со цел да ги охрабри луѓето од постарата генерација да го направат истото.

„Имам 61 година и ќе ве мотивирам да бидете здрави“ – пишува таа на својот профил каде споделува совети, вежби и насоки за сите оние коишто се стремат кон фит изглед.

Моника Буске Моника Буске
@monicabousquet Growth Suplementos Cupom: MONI #growth #fitnessmotivation #confereoshape #health #academia #fitness #alimentacaosaudavel ♬ Believe - Amfree & Ampris

Моника не била фит отсекогаш. Всушност, во најголемиот дел од својот живот, таа се борела да ја намали тежината и да одржува некаков баланс. Сите нејзини напори биле неуспешни, сè додека на 53 години не зачекорила за првпат во фитнес сала по препорака на ортопед.

„Целиот мој живот се борев да балансирам со тежината. Мојата врска со тежината и со моето тело никогаш не беше многу добра. Татко ми беше дебел... Качив многу тежина во мојата бременост. Откако се роди ќерка ми, ми беше тешко да ги намалам килограмите.“

Моника Буске

„На 53-годишна возраст имав хондромалација на патели на двете колена. Мојот ортопед рече дека решението е тренирањето. Не сакав да влезам во фитнес сала... Првата година беше многу тешка, но потоа склопив пријателства и мојот персонален тренер многу ми помогна. Луѓето околу мене многу ме мотивираа.“

„Набрзо болката ми се намали, а телото започна да ми се менува. Решив да вежбам сè повеќе и повеќе за да ја стекнам силата којашто ја имам денес, расположението што го имам денес, способноста да правам нешта кои не ги правев на 30 години. Сега можам да правам сè што ќе посакам. Вежбањето ме усреќува, стануваш посреќен и го гледаш животот на различен начин“ – раскажа Моника.

Моника Буске Моника Буске Моника Буске
@monicabousquet Growth Suplementos Cupom: MONI #growth #fitnessmotivation #confereoshape #health #academia #health #alimentacaosaudavel ♬ Girl on Fire - Alicia Keys

Таа вели дека позитивните коментари на луѓето на социјалните мрежи уште повеќе ја мотивираат.

„Луѓето почнаа да велат дека им сум инспирација, а тоа ми даде уште поголема сила, поголема енергија, поголема желба“ – вели таа.

Моника Буске Моника Буске

Моника денес е доказ дека можно е да се влезе во форма во шестата деценија од животот. Потребна е само силна волја.

Нејзините совети за младешки изглед се:

  • Растегнувајте се 5 минути наутро,
  • Откажете се од шеќерот,
  • Намалете го бројот на испиени чаши алкохол,
  • Создајте позитивен мајндсет,
  • Пешачете 30 минути дневно,
  • Одржувајте балансирана исхрана,
  • Спијте 8 часа дневно.
Моника Буске Моника Буске Моника Буске Моника Буске
@monicabousquet #shorts #fitnessmotivation #abs #academia #confereoshape #hearts ♬ Always Remember Us This Way - Lady Gaga

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.