Почетна » Новости » Занимливости » Убавата Мис САД се откажа од титулата 7 месеци по изборот за да си го заштити менталното здравје

Убавата Мис САД се откажа од титулата 7 месеци по изборот за да си го заштити менталното здравје

За Ноелија Војт минатогодишната победа на Мис САД беше остварување на детски сон.

Но, сега, убавата мисица одлучи да се откаже од титулата за да го заштити менталното здравје, кое се влошило по нејзиното крунисување. Ова се случува за првпат во историјата на натпреварот за убавина.

Ноелија Војт Ноелија Војт Ноелија Војт Ноелија Војт

24-годишната убавица од Јута ја објави својата одлука на Instagram преку текст со скриена порака која беше откриена од нејзините фанови.

Всушност, ако се читаат првите букви од секоја реченица во пораката на Ноелија, се добива реченицата: „I AM SILENCED“ или „Замолчена сум“. Подоцна, таа објасни дека постојано била подложена на малтретирање од главните лица во организацијата на Мис САД.

@annanoellll Breaking news! We need to listen closely to women who are being silenced #greenscreen #breakingnews #missuniverse #missusa #noeliavoigt ♬ original sound - AnnaNoel

„Никогаш не ја загрозувајте вашата физичка и ментална благосостојба. Нашето здравје е наше богатство. Време е да се напише следното поглавје“ – напиша таа.

Еве дел од нејзиниот пост:

Во животот, силно ја почитувам важноста да се носат одлуки кои се најдобри за тебе и за твоето ментално здравје. Како индивидуи, ние растеме преку различните искуства од кои учиме повеќе за себе. Моето патување како Мис САД беше неверојатно значајно и ја претставував Јута со гордост, а потоа и САД на Мис Универзум. За жал, ја донесов тешката одлука да се откажам од титулата Мис САД 2023.

Никогаш не можев ни да замислам на какво патување ќе ме одведе мојот детски сон... Се надевам дека во изминатите седум години ве инспирирав никогаш да не се откажувате од вашите соништа, какви и да се тие. Длабоко во мене знам дека ова е само почеток на ново поглавје за мене и се надевам дека ќе продолжам да ги инспирирам другите да останат непоколебливи, да го направат менталното здравје приоритет, да се застапуваат за себеси и за другите користејќи го својот глас и никогаш да не се плашат од она што го носи иднината, дури и ако е неизвесна.

Ноелија Војт

Војт беше избрана за Мис САД во септември 2023 година. По отстапувањето на титулата, таа одлучи да се залага за подигнување на свеста за менталното здравје.

„Сакам луѓето да знаат дека ако нешто не е добро за нив, во ред е да се откажат од него. Благодарна сум што сум тој зрак светлина за луѓето“ – рекла таа.

Ноелија Војт Ноелија Војт Ноелија Војт

Американските медиуми пренесоа дека Ноелија се откажала од титулата поради токсичната средина во организацијата на Мис САД, особено поради однесувањето на директорката Лејла Роуз.

Лејла РоузЛејла Роуз

„Има токсична работна средина во организацијата на Мис САД, која во најдобриот случај се должи на лошиот менаџмент, а во најлошиот случај, на булинг и малтретирање. Ова започна непосредно по мојата победа на Мис САД 2023. Неверојатно е тешко да се обидувам да си ја завршам работата додека постојано ми се закануваат со дисциплински постапки, како намалување на платата“ – стои во нејзиното писмо.

Ноелија раскажала и за момент кога била оставена во автомобил сама со маж кој сексуално ја малтретирал, упатувајќи ѝ недолични коментари и изразувајќи желба да влезе во врска со неа. Откако го споделила тоа со директорката Роуз, таа ѝ возвратила:

„Не можеме да ги спречиме луѓето да велат нешта за твоите јавни појавувања. За жал, тоа е дел од улогата која ја имаш како јавна личност“.

Мисицата сподели дека ѝ била дијагностицирана анксиозност и дека сега прима по две лекарства дневно за да ги намали симптомите кои ѝ се појавиле како последица на секојдневното малтретирање од страна на директорката.

Ноелија Војт Ноелија Војт Ноелија Војт

Два дена по оставката на Мис САД, оставка си поднесе и Мис тинејџерка на САД.

Ноелија Војт Ноелија Војт Ноелија Војт Ноелија Војт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.