Балот на шампионите на Вимблдон отсекогаш бил една специјална традиција, особено за победниците во машка и женска конкуренција.
Карлос Алкараз и Барбора Крејчикова се дотераа и со традиционалниот забавен танц прославија за своите победи на турнирот. Во Лондон, чешката тенисерка блесна во долг фустан со разголен грб, додека Шпанецот носеше класичен црн костум.
„Ти благодарам за танцот Алкараз, но мислам дека е подобро да се придржуваме кон играњето тенис“ – се пошегува Крејчикова.
Genios absolutos.
— Manuel Sánchez (@ManuSanchezGom) July 14, 2024
Carlos Alcaraz y Barbora Krejcikova bailando en la cena de ganadores de Wimbledon. pic.twitter.com/4n4CDOpm4Y
Пред три дена, Барбора ја совлада Италијанката Јасмине Паолини и ја заокружи својата голема победа. Во неделата, Алкараз славеше победа над Новак Ѓоковиќ.
Успешните тенисери позираа и со своите награди.
И Крејчикова и Алкараз се сретнаа со принцезата Кетрин и принцезата Шарлот.