Почетна » Новости » Занимливости » Стопанска банка станува најголема продажна мрежа за осигурување

Стопанска банка станува најголема продажна мрежа за осигурување

Во годината во која го одбележува својот 75-годишен јубилеј, Стопанска банка АД – Скопје започна банкоосигурување во соработка со Кроација Осигурување/Неживот и УНИКА Лајф.

Преку своите 65 филијали, 24/7 контакт центарот и со повеќе од 120 лиценцирани застапници во осигурувањето, Банката на пазарот понуди најголема продажна мрежа на осигурителни производи, со што осигурувањето станува подостапно за секого.

Осигурувањето е дел од финансискиот систем на државата и претставува комплементарна дејност на банкарското работење, насекаде во светот. Улогата на Стопанска банка примарно е да обезбеди едукација на клиентите за предностите на осигурувањето и за додадената вредност што ја добиваат преку користењето на банкарски производи со вклучено осигурување.

Стопанска банка АД Стопанска банка АД Стопанска банка АД

Со реализација на повеќе од 5.000 полиси преку Банката во делот на животното и неживотното осигурување и позитивни реакции од клиентите, посебна популарност добиваат следните производи:

  • Бесплатното годишно патничко осигурување кое го добиваат сите нови и постојни корисници на Visa/MasterCard кредитните картичките на Стопанска банка кое се активира преку филијала или Контакт центар
  • Кредитите со вклучено животно осигурување (потрошувачки, станбени, хипотекарни) со преференцијални услови и
  • Кредитите со вклучено осигурување од незгода и годишен ваучер од 400/600 денари кој клиентите ќе го користат за друга осигурителна полиса набавена од Банката.
Стопанска банка АД Стопанска банка АД Стопанска банка АД Стопанска банка АД

Покрај понудата на банкарски производи со вклучено осигурување, клиентите ќе можат да ги добијат и сите други видови на осигурување како: имотно/домаќинско и патничко осигурување со повластени цени, автоодговорност, зелен картон, КАСКО, осигурување од незгода и слично.

По повод средбата со медиумите г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален и извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје изјави: „Осигурувањето во глобални рамки е веќе нераздвојно од класичните банкарски производи а во Стопанска банка на клиентите им овозможува синергија, односно додадена вредност при користење на кредитните производи. Имено, сигурноста која клиентите ја добиваат со животното или осигурувањето од незгода е во поддршка на реализација на нивните планови а Банката го поддржува направениот избор со дополнителни поволности. Ни претставува задоволство што клиентите веќе ја препознаваат новата понуда на производите со вклучено осигурување, што е мотив повеќе за нас да продолжиме со понатамошен развој.“

Гоце Вангеловски, Генерален извршен директор на Кроација Осигурување/Неживот изјави: „Поврзувањето на различните финансиски производи е веќе добро етаблиран тренд на пазарите во светот. Имајќи предвид дека осигурителните и банкарските производи тесно се надополнуваат, во интерес на корисниците направивме соработка со Стопанска банка АД - Скопје, преку која на едно место добиваат многу повеќе. Овој модел oсвен што штеди време, нуди и поголема вредност за корисниците. Имајќи ги предвид модерните навики на пазарот сметаме дека ваквиот тип на услуги ќе биде одлично прифатен и ќе ги пресретне очекувањата на корисниците. Истовремено креираме и еден нов тренд на финансискиот пазар кој ќе придонесе за дополнителен развој на услугите во интерес на корисниците.“

Стопанска банка АД Стопанска банка АД Стопанска банка АД Стопанска банка АД

Александра Шкемби Антовска, Генерален извршен директор на УНИКА Лајф изјави: „Ни претставува посебно задоволство можноста да го претставиме стратешкото партнерство со Стопанска банка во понудата на Животно Осигурување под исклучително поволни услови, достапно преку 65-те филијали на Банката, насекаде во државата. Припадноста на една од водечките осигурителни групации од Австрија, UNIQA Group и партнерството со Стопанска банка се идеална комбинација која ќе ни овозможи да реализираме значаен развој на Животното Осигурување во Македонија.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20940 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.