Отсекогаш, мажите во поголема мера се соочувале со опаѓање на косата, во однос на жените. Тие се и позасегнатиот пол во однос на густината на косата (околу 60%).
Карактеристично за нив е тоа што се манифестира од порана возраст. Причините за опаѓањето се заеднички за двата пола, но природата предодредила да бидат почести кај мажите.
Иако е поретко кај жените, опаѓањето на косата е честа појава и најчесто се појавува во подоцнежна возраст. За жал, не можеме да негираме дека постојат низа причини за појава на привремено опаѓање на косата, кое луѓето сами си го предизвикуваат поради злоупотреба на производи за стилизирање, неповолни диети, како и хормонални пореметувања.
Во научна смисла, алопеција е огромна тема која сè уште не го нашла своето конечно решение. Луѓето од една страна се свесни за фактот дека губиме од 50 до 100 влакна секој ден. Обично, не го забележуваме тоа бидејќи на нивно место растат нови влакна. Губењето на коса настанува кога влакната кои опаднаа, не се заменети со нови. За да им помогнат на потрошувачите, производителите создадоа десетици производи за да помогнат во балансирање на физиолошкото опаѓање на косата и да го спречат нејзиното претворање во алопеција.
Новата причина за опаѓање на косата е КОВИД. 30% од пациентите со Ковид-19 пријавуваат симптоми на агресивна алопеција.
Од почетокот на првиот бран на пандемијата, пријавени се масовни поплаки за сериозно опаѓање на косата по прележаната болест. Иако краткотрајно, опаѓањето на косата има силен емоционален ефект врз женската популација, поттикнувајќи ја да ја зголеми потрагата по производи кои го стимулираат растот. Научните истражувања на оваа тема докажуваат дека постојат неколку причини за губење на косата по пандемијата: недостаток на витамини, стрес и ненадејна промена во начинот на живот.
За 2300%, зголемено е пребарувањето на Интернет за клучни зборови „опаѓање на косата по Ковид“.
Новиот шампон Здраве Актив со повеќе пантенол и кинин како дополнение на 100% докажано дејство против првут (со иновативниот триактивен комплекс) има за цел да помогне во борбата против опаѓањето на косата.
Екстрактот од кората од дрвото кинин ја подобрува микроциркулацијата и го стимулира метаболизмот на клетките на скалпот и коренот на косата. Пантенолот ја стимулира регенерацијата на клетките, ја зголемува силата на колагенските влакна и дава здрав и свеж изглед на косата и кожата на скалпот.
• Се бори против опаѓањето на косата со стимулирање на раст на нови влакна.
• Ја враќа силата на исцрпената коса.
Иновативниот TRIACTIVE COMPLEX содржи меѓусебно комплементарни состојки за антифунгално дејство со широк спектар. Комплексот ефикасно го отстранува првутот од скалпот, го потиснува растот на габата што го предизвикува, го чисти и освежува скалпот. Како резултат на тоа, скалпот е смирен и навлажнет, без иритација и непријатност.
Комерцијален текст