Дизниленд Париз го направи Мики Маус на небото над Замокот на заспаната убавица и се запиша во Гинис.
Забавниот парк во градот на светлината организираше светлечко шоу по повод Денот на падот на Бастилја, која секоја година се слави на 14 јули. Оформувајќи го популарниот лик од Дизни, Дизниленд постави рекорд за „Најголемо воздушно прикажување на измислен лик со дронови“.
Вкупно 1.571 дрон го осветлија небото, создавајќи ја главата на Мики Маус над Замокот. За тоа да се реализира потребни биле месеци напорна работа, но реакциите на посетителите беа повеќе од позитивни.
@disneylandparis Joyeux #14juillet Disneyland Paris est entré dans l'histoire en établissant un nouveau record pour la « Plus grande image aérienne d'un personnage fictif formée par des drones/multirotors », officiellement homologuée au titre du GUINNESS WORLD RECORDS. 1571 drones ont illuminé le ciel nocturne, créant une tête de Mickey tricolore géante à couper le souffle au-dessus du Château de la Belle au Bois Dormant. Moulin Rouge® est une marque déposée de Moulin Rouge. #disneylandparis #disneyparks #BastilleDay ♬ son original - Disneyland Paris ✨
Погледнете го целосниот спектакл: