Артистка се бори против нереалните очекувања кои мајките ги имаат од себе, потсетувајќи ги дека никој не е совршен.
Поттикната од нереалните објави на социјалните мрежи, Јамина Боун започнала да создава илустрации преку кои ги охрабрува „неСОВРШЕНИТЕ“ мајка да излезат од канџите на општествените очекувања и да се прифатат онакви какви што се.
Преку своите цртежи и блогот Momming With Truth, Јамина ги потсетува жените дека може истовремено да се сомневаат во себе и да бидат добри мајки. Можат да бидат разочарани и да бидат добри мајки. Можат да бидат онакви какви што навистина се и да бидат добри мајки.
„Пред создавањето на Momming With Truth, чувствував дека сум лоша мајка и дека не сум создадена за ова. Ги гледав сите тие објави за мајчинството, моите пријатели и роднини објавуваа прекрасни семејни фотографии на кои сите се смеат. Ќе погледнев надолу во моите исфлекани панталони, во мојата мрсна коса и размачкани очила, во мојот неуреден дом и плачливи бебиња и ќе се почувствував поразена.“
„Му наштетував на мојот брак, се срамев од нашите борби и тонев во болка. Откако станав дел од група со други мајки, се поврзав со нешто поголемо“ – пишува Јамина.
„Вистината е дека мајчинството е комплексно, ти не си сама во него и ОК е да не си ОК. Веруваме дека перцепцијата за совршенство води до изолација, но ранливоста раѓа солидарност. Не си сама. Го можеш ти ова. Ние го можеме ова“ – додава артистката.