Почетна » Новости » Занимливости » Сараевчанката Нада Рудан започна да слика на 87 години и го одбележа 100-тиот роденден со изложба

Сараевчанката Нада Рудан започна да слика на 87 години и го одбележа 100-тиот роденден со изложба

Запознајте ја Нада Рудан – инспиративна жена од Сараево која неодамна го прослави 100-тиот роденден со своја прва уметничка изложба.

Талентираната Босанка започнала да слика на 87-годишна возраст и вели дека инспирацијата за своите дела ја црпи од природата.

До својата 85-та година, Нада работела како кројачка, а во последниве години патува и активно слика. Таа зрачи со позитивност и ведрина.

„Не знам во животот мене да ми било досадно“ – вели Нада.

Ова лето, нејзините деца ја наговориле да направи изложба по повод нејзиниот 100-ти роденден. На почетокот таа се противела, бидејќи не се сметала за уметник, но подоцна прифатила.

Кога ќе ги погледнете нејзините дела ќе се согласите дека се работи за скромност и голем ликовен талент.

Нада секојдневно слика по 5 часа дневно – 3 часа наутро, 2 часа попладне. Таа има слободен дух и добро здравје, но и љубовта кон патувањето ѝ помага да биде исклучителна и отворена личност.

„Не сакам да им бидам товар на моите деца. Се трудам да живеам мирен живот, без нервози, прво ги промислувам работите, а потоа делувам“ – вели Нада.

По смртта на нејзиниот сопруг во 1999 година, таа ги посетила САД, Централна Америка, повеќе европски држави, хавајските вулкани и пирамидите во Мексико.

Рудан има насликано многу слики, но себеси се смета за аматерка. Се гордее што на нејзината изложба дошле сите членови на нејзиното семејство, пријателите и соседите.

Благодарна е дека ја служат очите и рацете и покрај возраста.

„Во животот мора да бидете позитивни и да се надевате на најдоброто, за сè има решение“ – заклучува таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20917 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.