Пријателки со различна фигура на интересен начин ги презентираат истите парчиња облека.
Едната девојка е висока 173 сантиметри и носи алишта со конфекциски број XS, висината на втората девојка е 153 сантиметри, а конфекцискиот број на третата пријателка е L. Во видеата, тие една покрај друга пробуваат исти модни комбинации за да покажат како истите ќе стојат на различни форми на тело.