Принцезата Кетрин засади дрво во чест на покојната кралица Елизабета II.
Во дворот на Вестминстерската опатија, 41-годишната припадничка на британското кралско семејство изгледаше елегантно во карирано палто од Холанд Купер. Принцезата на Велс засади диво црешово дрво како дел од иницијативата на Елизабета наречена „Green Canopy“.
„Помеѓу финалните подготовки за службата #TogetherAtChristmas, принцезата засади дрво во чест на покојната кралица Елизабета II“ – стои во соопштението на иницијативата.
Досега се засадени повеќе од милион дрвја во чест на Кралицата.