Почетна » Новости » Занимливости » Прекрасно: Родители со години ѝ пишувале мејлови на ќерката, ѝ ја дале лозинката од тајниот e-mail на 21-виот роденден

Прекрасно: Родители со години ѝ пишувале мејлови на ќерката, ѝ ја дале лозинката од тајниот e-mail на 21-виот роденден

Ова е идеја која вреди да ја „украдете“.

Родители пред многу години тајно им отвориле електронски пошти на децата и оттогаш постојано им пишуваат мејлови полни со мисли, совети, фотографии, видеа и спомени од важни моменти. Планот на мајката Дреа и таткото Алекс бил корисничките имиња и лозинките на децата да им ги дадат кога ќе наполнат по 21 година.

Првата среќничка да добие пристап до својата пошта била ќерката Лизет. Моментот кога ќе дознае за драгоцениот подарок бил снимен од семејството и сега е хит на Instagram:

Пред девет години добив идеја која ја прочитав онлајн. Во оригиналниот пост пишуваше дека тие со години им пишувале писма на децата и дека кога тие наполниле 18 години им ги дале сите писма пишувани со години. Сега, кога имаме технологија, одлучив да го направиме истото, но со мејлови. Отворив електронски пошти за секое од децата и кога месецов Лизет наполни 21 година, конечно ѝ ја дадовме.

Накратко, со Дреа девет години им испраќаме мејлови на децата – спомени, фотографии, совети кои сакаме да ги дадеме, сè што сакаме. Тоа е како временска капсула или дневник од нашите животи.

Мислам дека досега има речиси 700 мејлови за Лизет. Дреа плачеше, Лизет плачеше... Среќен сум што може да се врати наназад и да прочита нешта од пред 9 години, но малку сум тажен зашто требаше да започнам порано. Децата ми се сè и среќен сум што го направив ова. Мислам сериозно, колку луѓе можат да им дадат на децата подарок создаван 9 години.

Подарок

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20919 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.