Срушен е рекордот на Instagram за најлајкувана објава досега.
Фотогалерија на Лионел Меси објавена кратко време по освојувањето на Светското првенство стана топ објава на популарната социјална мрежа. Десетте фотографии на кои аргентинската репрезентација ја слави победата во Катар имаат повеќе од 71 милион лајкови, а се објавени пред само 3 дена на профилот на нивниот капитен.
Претходниот рекорд го држеше фотографија од јајце која беше објавена со цел да се надмине бројот на лајкови на фотографија од ќеркичката на Кајли Џенер, Сторми. Објавата со јајцето има над 58 милиони лајкови.
Претходно, на пат да стане најлајкувана фотографија беше фотографијата од Меси и Кристијано Роналдо за Луј Витон.