Мајка и ќерка од Канада имаат прекрасна традиција. Веќе 13 години, Џеневив и Вајолет ја пресоздаваат фотографијата од првата прегратка по породувањето пред својот дом.
Имено, Џеневив не успала да стигне до болница и се породила токму пред семејната куќа. Тоа место до ден-денес е нивно омилено.
„Ќе ја терам да го правиме ова секоја година сè додека можам“ – напиша мајката во 2013 година.
„Сега таа е тинејџерка и едвај ја собира во мојот скут“ – вели Џеневив за оваа слатка традиција.