Мајка од Хрватска сподели една од маските кои ги има создадено за Халовин и насмеа илјадници родители низ светот.
Кристина Кузмиќ со видео прикажа како изгледала кога се преправила во „собата на нејзините деца-тинејџери“.
@iamkristinakuzmic Parents, here’s my Halloween costume from last year in case you weren’t sure what to dress up as.
♬ Halloween Theme (Opening) - Mike Chibante
Бројни се коментарите под хумористичното видео:
„Ако само можеш да додадеш уште 11 крпи за бањање“, „Ти фалат половина од шишињата за вода“, „Каде се сите полначи кои ќерка ми ги зеде од мене?“, „Никогаш не сум се смеела толку, ова е многу точно“, „Ова е пресмешно. Баш денес син ми рече дека наместо да оди на фитнес, ќе си ја исчисти собата. Не му верувам“, „Нема доволно чаши“ – се само дел од коментарите.
Кузмич има три деца и е многу популарна на социјалните мрежи. Таа е родена во хрватскиот град Осиек, а во САД се пресели за време на војната во 90-тите години. Слава стекна откако победи во натпреварот „My OWN Show“ во 2014 година и направи свое шоу.
„Низ сите мои подеми и падови како родител, добивав сè поголема страст да се обидам да ги охрабрувам родителите и да споделувам совети кои ми помогнаа патем. Започнав да создавам видеа за родителството, без никогаш да очекувам дека тоа ќе ми се претвори во кариера со полно работно време, но тоа се случи. Не можам да ви опишам колку сум благодарна што можам да заработувам од она што ми е страст.“
„Моите деца понекогаш сметаат дека е кул што толку многу луѓе ги гледаат видеата на нивната мајка, но другпат мислат дека е чудно нивните пријатели да гледаат видеа од стара жена како мене.“
„Ја обожавам Хрватска. Секојпат кога ќе ја посетам, се чувствувам како дома“ – вели таа.