Куче ги освои симпатиите на илјадници луѓе низ целиот свет откако спаси мало девојче. Младо семејство од Портланд вечно ќе му биде благодарно на кучето Дјук, кое ја спасило нивната ќерка, родена пред само 9 недели.
Во неделата вечерта, откако Џена Брусеу и нејзиниот сопруг си легнале да спијат, кучето Дјук се качило на нивниот кревет и започнало неконтролирано да се тресе.
„Тој е многу послушен, па тоа беше екстремно бизарно“ – изјавила Џена. Младите родители веднаш знаеле дека нешто не е во ред и се стрчале во собата на малата Харпер. Нивната ќерка не дишела.
Сопругот на Џена повикал брза помош. Откако медицинските лица ја оживеале Харпер, таа била пренесена на болница.
Џена вели дека единствената причина поради која го споделува ваквиот настан со медиумите е да ги поттикне луѓето да вдомуваат бездомни кучиња. Дјук бил спасен од нив пред шест години.