Маж со Даунов синдром си исполни своја голема желба и се сретна со ѕвездата од „Back to the Future“, Кристофер Лојд.
Неговиот зет за сестра, Крис, ја објави веста на социјалната мрежа X и сподели фотографија од слаткиот момент која стана вирален хит. Кристофер сега има 85 години.
„Мојот шура има 41 година и има Даунов синдром. Тој ги има гледано филмовите ‘Back to the Future’ повеќе од 50.000 пати. Буквално најмалку еднаш дневно. Тој сака рутини. Доби шанса да го запознае Кристофер Лојд“ – стои во неговата објава.
Крис објави и други фотографии од животот на неговиот шура.
Во коментарите, многумина му пишуваат дека имаат роднини со Даунов синдром кои исто така се обожаватели на „Back to the Future“.