Почетна » Новости » Занимливости » Индиец тврди дека не јадел и не пиел 70 години

Индиец тврди дека не јадел и не пиел 70 години

Прахлад ЈаниПрахлад Јани

Индиски воени научници набљудуваат 82-годишен старец кој тврди дека нема јадено, ниту пиено веќе 70 години. Прахлад Јани веќе шест дена е под строг надзор и докторите велат дека сè уште нема покажано знаци на слабост од дехидратација или глад.

Неверојатниот старец тврди дека го напуштил својот дом кога имал 7 години и живеел како свето лице во Раџастан. Тој верува дека е одржуван во живот од божица која налевала „еликсир“ низ дупка во неговите непца.

Неговите нереални тврдења се потврдени од индиски доктор кој специјализирал во проучување на луѓе кои тврдат дека имаат натприродни способности, но многумина го сметаат старецот за измамник.

Индиските научници сметаат дека способностите на Прахлад може да бидат искористени за војниците да можат да научат подолго да издржуваат глад или пак жртвите од катастрофи да можат да издржат додека пристигне хуманитарна помош.

Досега Прахлад убедливо ги докажал своите тврдења. Докторите планираат да го набљудуваат во текот на 15 дена и очекуваат по тој период да се појави сериозна дехидратација, загуба на тежина, замор и дури откажување на некои органи.

Во 2003 година, Индиецот бил набљудуван од друг доктор во текот на 10 дена. Навистина во тој период Прахлад не јадел и не пиел ништо, но се појавиле сомневања за неговите способности откако на крајот од експериментот била забележана загуба на телесна тежина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.