Мускулести и згодни пожарникари снимија жешки фотосесии за календари кои ќе красат многу ѕидови во годината која ни доаѓа.
Австралиските пожарникари 29-та година по ред позираат полуголи за шест видови календари, кои се популарни низ целиот свет. Средствата од продажбата на истите ќе бидат наменети за помош на животни.
„Australian Firefighter Calendar“ беше основан во 1993 година со цел да се соберат средства за истражувања на детските изгореници.
За првпат од постоењето, „Australian Firefighter Calendar“ се обединува со американската добротворна организација „Greater Good“, која е посветена на обновување на постоечки засолништа за животни и создавање засолништа за бездомни луѓе и животни. Соработката била направена како знак на благодарност што американските фанови преку социјалните мрежи ја поддржаа болницата „Australia’s Byron Bay Wildlife“ за време на пожарите.