Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно видео: Жена која ја изгуби косата во битката со ракот на дојка добива перика како косата што ја имала

Емотивно видео: Жена која ја изгуби косата во битката со ракот на дојка добива перика како косата што ја имала

Битката со ракот никогаш не е лесна и секогаш се одразува на изгледот на пациентите.

Рокси ја изгуби својата коса како последица на хемотерапиите кои ги прима поради ракот на дојка. Сакајќи да си го врати својот изглед од пред здравствената битка, таа ѝ се обратила на фризерката Тифани Каликс, која изработува перики за лица кои ја изгубиле својата коса поради здравствени проблеми.

Погледнете ја нејзината реакција кога ќе проба една од периките на Тифани и повторно ќе се види себеси во огледалото:

@wigsbytiffani Roxie lost her hair while battling breast cancer. She was so anxious and nervous about trying on our wigs, and was overwhelmed with emotions after putting one on. She saw herself again. She said it was exactly how her hair was prior to losing it. Roxie, thank you for trusting us and we hope that your journey continues to keep looking up! ♥️ ##wigsbytiffani #wigs #wig #alopecia #trichotillomania #hairloss #pcos #thinninghair #realisticwigs #breastcancer ♬ original sound - wigsbytiffani

„Рокси ја изгуби својата коса во борбата со ракот на дојка. Беше многу вознемирена и нервозна за пробувањето на нашите перики и беше надвладеана од емоциите кога стави една од нив. Таа се виде повторно себеси. Рече дека изгледа исто како што изгледаше нејзината коса пред да ја изгуби. Рокси, ти благодарам што ни се довери“ – напиша Тифани.

Тифани

Тифани бесплатно им дава перики на деца кои ја изгубиле косата, а кои не можат да дозволат да си купат, за да им помогне да си ја вратат самодовербата и да пораснат во силни личности. Насмевките на нивните лица се нејзина најголема радост.

Тифани Тифани

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.