Ојинда Акинфенва креира мултифункционални фустани кои можат да се носат на различни начини.
Креациите на младата девојка од Нигерија многу лесно се трансформираат за дамите да можат да постигнат нов изглед и стајлинг секојпат кога ги носат.
„Кога се обидувам да креирам ваков тип на фустан, понекогаш ми требаат неколку недели за да осмислам нешто, а некогаш ми требаат само неколку денови“ – вели Ојинда, која основа и сопствен бренд, Janore.