Празниците се тешки за семејствата кои поради болест не можат да слават заедно во домашна атмосфера.
За да им ги развеселат барем малку празниците, волонтерите од „The HeART Project“ фотографираат болни дечиња кои мораат да бидат во болница за Божиќ, а потоа ги фотошопираат во волшебни празнични фотографии.
По неколкугодишна пауза поради социјалното дистанцирање, нивниот омилен дедо, Дедо Мраз, доби можност да ги посети малите пациенти и да се фотографира со нив.
„Наша мисија отсекогаш беше да измамиме насмевки на лицето на семејствата на кои им е тешко на Божиќ, помагајќи им да избегаат од реалноста макар само на еден ден, благодарение на фотографијата и Фотошоп“ – велат волонтерите.
Оваа година, групата фотографираше деца од САД и Австралија.