Среќата понекогаш доаѓа кога најмалку ја очекуваме и доаѓа во големи дози.
Жена од Пенсилванија освои 5 милиони долари непосредно по завршувањето на лекувањето од рак на дојка.
Дона Озборн ја купи добитната грепка откако го заврши третманот со зрачење.
„Летот беше одложен толку многу пати, што одлучив да се вратам дома. Ќерка ми остана и одлета за Флорида. Ако не го напуштев аеродромот, никогаш немаше да го купам тикетот.“
„Не можев да им поверувам на очите. Се вратив во продавницата и им реков да проверат дали е вистина или не. Ми одговорија дека е вистина“ – рекла среќната добитничка, која објаснила дека ќе продолжи да работи за да остане физички активна.