Некои луѓе се прекрасни и несебично ја шират својата љубов низ светот. Такви се волонтерите од „The Heart Project“, кои секоја година пред празниците фотографираат болни дечиња кои не можат да ја напуштат болницата и да бидат дома за Божиќ.
Потоа, тие им создаваат магични празнични фотографии. Најчесто покрај нив е омилениот Дедо Мраз.
Проектот започнал во 2016 година во болница во Мелбурн, но сега се прошири и надвор од Австралија. Досега, фотографирани се 200 дечиња.
„За некои, ова е последната семејна фотографија пред нивното дете да почине. Ова е емотивно патување за нашиот тим, кој се има зближено со овие семејства.“
„Она што ние го правиме е скапоцено и не би го замениле за ништо на светот.“
„Оваа година, некои можеби ќе речат дека повеќе отсекогаш бевме сведоци на свет кој би можел да има малку повеќе љубов“ – велат основачите на организацијата заслужна за проектот.