Почетна » Новости » Занимливости » Внук ја одведе баба си на планина, сега имаат мисија да ги посетат сите национални паркови во САД

Внук ја одведе баба си на планина, сега имаат мисија да ги посетат сите национални паркови во САД

Годините не треба да бидат пречка за авантура.

Доказ за тоа е 92-годишната Џој Рајан, која заедно со нејзиниот внук наскоро ќе ја комплетира мисијата да ги посети сите 63 национални паркови во САД.

Џој и Бред Рајан Џој и Бред Рајан Џој и Бред Рајан

Сé започнало кога еден викенд, 42-годишниот внук Бред Рајан ја поканил Џој на авантура на планина, сакајќи да создаде убаво искуство за неа. Џој никогаш немала патувано никаде, бидејќи била зафатена во растење прво на нејзините деца, па и на нејзините внуци. Никогаш ги немала видено планините, океанот или пустината.

„Не можев да ја поднесам идејата дека таа ќе продолжи да седи на тремот и да оди на прошетка низ гробишта наместо да биде опкружена од најчудесните нешта на Земјата. Тоа беше товар кој морав да го носам додека не се појави можноста да ја ставам на совозачкото седиште и да заминеме“ – рекол Бред.

Џој и Бред Рајан Џој и Бред Рајан

Нивното прво патување било во 2015 година, а наскоро ќе биде и нивното последно, бидејќи им останува уште еден национален парк на листата. Во еден дел од нивната авантура, тие посетиле 21 парк за 28 дена, а единственото нешто кое се покажало како нивна пречка бил КОВИД-19. Пред да бидат наложени ограничувања, тие имале посетено 29 парка.

Бред ги документира нивните искуства на социјалните мрежи, каде добива голема поддршка.

„Не го очекував тоа. Не само што доби обожаватели, туку непознати луѓе започнаа да ни нудат да престојуваме во нивните домови за време на нашите посети на националните паркови“ – рекла пресреќната старица.

„Отсекогаш сакав да видам мечки како фаќаат риби и конечно можев да го видам тоа. Беше многу забавно... Беше преубав, преубав период и не би го променила за ништо“ – додала таа.

Џој и Бред Рајан Џој и Бред Рајан Џој и Бред Рајан Џој и Бред Рајан

Нивната цел е да ги инспирираат другите луѓе да имаат свои авантури.

„Сфаќаме дека не може секој да патува до сите национални паркови во САД. Но, авантурите можат да се пронајдат на секој агол од земјава и се надеваме дека луѓето ќе одат да ја побараат таа авантура“ – вели Бред.

Џој и Бред Рајан Џој и Бред Рајан Џој и Бред Рајан Џој и Бред Рајан Џој и Бред Рајан Џој и Бред Рајан Џој и Бред Рајан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20945 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.