Кога Карли Роуз Соненклер за првпат застана на сцената во шоуто „X Factor“, нејзината моќна изведба на „Feeling Good“ најави дека таа ќе биде силен конкурент.
Сега 13-годишната дива е еден од фаворитите во американското шоу, особено по настапот со големиот хит на Селин Дион, „My Heart Will Go On“.
„Карли, многу се гордеам со тебе, се наежив по целото тело, спектакуларна си“ – со овие зборови Бритни ја пофали гласовитата натпреварувачка.