Почетна » Новости » Занимливости » Argeta е паштета број еден во Европа

Argeta е паштета број еден во Европа

ARGETA Е ЛИДЕР НА ПАЗАРОТ НЕ САМО ВО РЕГИОНОТ, ТУКУ И ВО ЦЕЛА ЕВРОПА.

Својот пат Argeta го започна во сплет на случајности, бидејќи беше развиена како спореден производ при подготовката на базите за супа Argo, кои во својата рецептура содржеа најквалитетни парчиња кокошкино месо. Наскоро ги освои срцата и менијата на луѓето и стана паштета број еден во многу домови во регионот, како и во државите како Австрија, Швајцарија, Германија и Шведска. Со исклучителниот успех во Европа оваа година, таа стана и „Паштета број еден во Европа“*, што со податоци го потврди истражувачката куќа Нилсен.

Нилсеновите сертификати важат за едни од највредните, бидејќи компанијата ги врши своите истражувања директно со трговците, работи во повеќе од 100 држави и опфаќа 90 % од светската популација Нилсен дава најсигурни, најточни и најнови информации од пазарот за продажбата односно стоките за брза потрошувачка.

Argeta

Паштета број еден во Европа

На своите успеси Argeta додаде уште еден – со својот карактер, игривост, заокружена рецептура и емоционалниот однос со потрошувачите, таа стана „Паштета број еден во Европа“. Тоа го потврдува и истражувачката куќа Нилсен, која во повеќе од 100 земји во целиот свет ги проучува навиките на потрошувачите и дава најсигурни, најточни и најнови податоци за продажбата на стоки за брза потрошувачка.

Со своите производи Argeta е присутна во 28 земји, на четири континенти, а најсилна е во Европа. Насоченоста кон извозот е присутна во Argeta од самиот почеток, а освојувањето на странските пазари Argeta особено го забрза по проширувањето на фабриката во Изола во 2001 година. До овој пресвртен успех таа беше број еден во Словенија, Австрија, Швајцарија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Хрватска. Голем удел на пазарот и препознатливост има и во Германија, Србија и Шведска. Така, секоја секунда некаде во светот се продаваат 4,3 конзерви паштета Argeta и ако сите конзерви наполнети оваа година би се поставиле една до друга, би биле подолги од кинескиот ѕид.

Од коцки за супа до првата паштета и потоа

Идејата за создавање на паштетата се роди уште на почетокот на шеесеттите години. Argeta всушност беше создадена како спореден производ при варењето кокошкина супа од која се правеа коцки за супа. За подготовка добра супа и потоа на добри коцки за супа, во производството се користеа најдобри и грижливо одбрани парчиња кокошкино месо, за кое се разбира дека нема место во коцките за супа. За да не се фрли месото, честопати тоа се било присутно на менито на работниците во производството, кои со време се заситија од него. Одлучно се спротивставија на раководството кое мораше брзо да одлучи што да прави со вареното месо – и смислија кокошкина паштета. Формираа посебен тим кој една година правеше и испробуваше разни рецепти и дојде до крајната комбинација на избрано кокошкино месо и природни зачини.

Основи на успехот на Argeta

Според зборовите на Ензо Смрекар, генералниот директор на деловната единица Деликатесни намази, основите на успехот на Argeta беа поставени уште на самиот почеток: „На почетокот на шеесеттите години одличните колеги во одделот за развој подготвија производ кој денес со својот вкус уште со првиот залак ги убедува милионите купувачи во целиот свет. Во текот на годините Argeta ги надградува своите успеси врз основа на транспарентноста, грижата за супериорен квалитет и со постојано приспособување кон потребите на потрошувачите. Argeta всушност постојано се менува, осовременува и приспособува на локалниот вкус и навики. А најзначајна состојка на нашиот успех се секогаш исклучителните соработници и деловни партнери, кои со целото срце веруваа во успехот на брендот Argeta.“

*Врз основа на податоците на Нилсен РМС за категоријата паштети/деликатесни намази за период од 12 месеци, кој заврши на 31 март 2018 година, за вкупниот малопродажен пазар во 19 европски земји (Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, чешка, Данска, Франција, Германија, Велика Британија, Италија, Црна Гора, Холандија, Полска, Романија, Србија,Словачка Република, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија) (Авторски права © 2018, Нилсен).

Повеќе за компанијата Нилсен: www.nielsen.com

Повеќе за Argeta: www.argeta.com

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19720 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.