Горан Стефановски замина меѓу македонските легенди. Имаше 66 години.
Познатиот драматург, кој стоеше зад „Диво месо“ (1979), „Лет во место“ (1981), „Тетовирани души“ (1985) и „Црна дупка“ (1987), почина во Велика Британија.
Стефановски беше автор и на култната ТВ серија „Бушава азбука“. Всушност, за следната година беа најавени нови епизоди од популарната серија за најмладите.
По студирањето драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрираше на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“, Горан работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа и како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје.
Во последните години од животот, тој живееше и работеше во близина на Лондон.