Почетна » Новости » Животни стории » „Секое од нив вреди колку универзумот“: Мајка на 12 деца го документира својот живот на Instagram

„Секое од нив вреди колку универзумот“: Мајка на 12 деца го документира својот живот на Instagram

Мајка на 12 деца покажува на Instagram како изгледа нејзиниот живот и досега има освоено 1 милион обожаватели.

Маријана Араски од Бразил отсекогаш посакувала да има големо семејство и е пресреќна што желбата ѝ се исполнила. 39-годишната мајка досега била бремена 10 пати и двапати има родено близнаци.

„Децата, секое од нив вреди колку универзумот. Тие уживаат во присуството на нивните браќа и сестри“ – вели таа.

Маријана Араски Маријана Араски Маријана Араски
Watch on TikTok

Маријана била бремена секоја година во изминатите 10 години. Само еднаш периодот меѓу породувањето и забременувањето бил подолг, 1 година, а најчесто таа забременувала 4 месеци по раѓањето.

„Секојпат кога ќе забременев, чувствував како телото да ми закрепнува од породувањето.“

„Многу сум среќна и исполнета. Му благодарам на Бог за многуте благослови во мојот живот. Никогаш не сме 100% подготвени, но сметам на Божјата помош и имам голема мрежа за поддршка“.

„Сега сум многу посвесна за мајчинството одошто првиот пат. Имам деца кои наскоро ќе бидат тинејџери и ќе имаат различен тип на поддршка и воспитување од помалите деца. Но, главната цел ми е да го следам секое дете индивидуално, да разберам како се чувствува, со што можеме да му помогнеме, како да му ги развиеме талентите, карактерот и страстите“ – вели таа.

Маријана Араски Маријана Араски Маријана Араски

Маријана била инспирирана да има големо семејство од нејзината мајка. И таа самата има седум браќа и сестри, а децата ги воспитува по рецептот на мајка си.

„Се разбира дека многу од децата се караа меѓусебно. Таа ќе ги заклучеше скараните деца во собата додека не си го решеа проблемот и додека не излезеа гушнати и смирени помеѓу себе.“

„Моите браќа и сестри ми се најдобри пријатели со кои ги споделувам најдобрите патувања, смеења и животни приказни. Тие ми значат сè! Отсекогаш сум сакала и моите деца да можат да го искусат тоа“ – рекла таа.

Маријана Араски Маријана Араски Маријана Араски

Според неа, клучот за успех е во создавањето рутини.

„Децата со рутини се среќни деца. Рутина не е натрупување на детскиот распоред, туку создавање распоред со кој тие ќе се чувствуваат безбедно. За да израснат самоуверени, бидејќи ќе знаат дека некој се грижи за нивната благосостојба.“

„Тие треба да имаат активности кои ќе им овозможат да ја трошат енергијата, да бидат деца, да учат и да придобиваат знаење и доблести на смирен начин. Дома, спиењето е свето. За бракот е важно секогаш да имаме време насамо со Карлос“ – вели Маријана.

Маријана Араски Маријана Араски Маријана Араски Маријана Араски Маријана Араски
Watch on TikTok

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25109 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.