Почетна » Новости » Животни стории » Отворете го срцето: Апел за помош на 28-годишната Цаци која боледува од тумор на мозокот

Отворете го срцето: Апел за помош на 28-годишната Цаци која боледува од тумор на мозокот

Ајде да се сплотиме и заедно да спасиме млад живот. 28-годишната Славица Тодоровска - Цаци боледува од агресивен рак на мозокот и за да го продолжи своето лекување во САД, потребна ѝ е наша помош.

Телефони за донации:

  • TELEKOM: 143 107
  • VIP: 143 483
  • (со секој повик донирате 100 ден.)

    Жиро сметка: 200003381608851

    Банка: Стопанска банка АД Скопје

    За донација од странство:
    IBAN: MK07200003381613507 USD
    MK07200003381611470 EUR
    SWIFT Code, BIC Code: STOBMK2X

    Цаци

    Нејзините пријатели се обединија и заедно се борат да соберат средства за да му помогнат на семејството на Цаци да ги покрие трошоците за нејзиното лекување во странство.

    Тие направија група на социјалните мрежи и отворија профил на GoFundMe со цел собирање средства.

    Ова е нивното писмо:

    Таа е тип на соученик кој застанува во твоја одбрана кога учителката по математика сака да ти даде помала оценка бидејќи си пишувал со молив, наместо со пенкало. Тип на пријател кој ќе ја пикне раката во WC школката за да ти го „спаси“ твојот комплетно нов мобилен телефон. Личност која ќе се разбуди во 2 часот во ноќта за да ги придружува до болница своите будалести пријатели, кои неодговорно направиле сообраќајна несреќа. Дури и во најтешкиот период, кога ѝ беше дијагностицирана Глиобластома, Цаци беше силна. Таа беше гласот кој нè убедуваше дека сè ќе биде во ред и дека сè ќе заврши добро.

    Минатата есен, нашата пријателка Цаци доби неочекувани симптоми на вкочанетост и тежина на десната страна од нејзиното тело, прво нејзината нога, а потоа раката. Бидејќи беше ултра-активна 28-годишна девојка, таа си мислеше дека тоа се само обични предупредувања дека телото е уморно и дека ѝ треба одмор.

    За жал, симптомите беа сигнал за многу посериозна состојба. Откако преживеа епилептичен напад, нејзе ѝ беше дијагностицирана Глиобластома, малигнен тумор во моторниот кортекс, на левата страна на главата. Беше направена итна хируршка интервенција, проследена со радиотерапија и девет циклуси на хемотерапија. Првично, резултатите изгледаа позитивни. Сепак, последните резултати од снимка со магнетна резонанција открија дека туморот се појавил повторно и брзо расте. Ова повикува на втора итна интервенција, која повторно ќе биде во Скопје, Македонија.

    Бидејќи ова е еден од најагресивните видови на рак, таа мора да биде лекувана во специјализирана болница во САД. Анализа на клетките треба допрва да се направи, за докторите да одредат терапија. Медицинските трошоци за каков било третман се проценуваат на над 200.000 долари.

    Драги пријатели, ченови на семејстовото, колеги и великодушни странци, во овој момент ние ве замолуваме да ни помогнете да ѝ помогнеме на нашата пријателка Цаци.

    Дури и најмалиот придонес е голем чекор кон спасување на животот на овој неуморен алтруист.

    Ќе ни значи сè на светот да ја видеме да живее како порано.

    Цаци Цаци

    Анкета

    Анкета
    Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
    • 15%
    • 24%
    • 61%
    Се испраќа...

    (Вкупно: 20838 гласа)

    Цитат

    Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

    Лилиен Диксон

    Виц

    Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

    На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.