Во време кога на сите ни се потребни позитивни вести, се реализираше хуманитарна акција за момчињата и девојчињата на возраст од 16 до 21 година кои учат во специјализираното училиште за деца со оштетен слух и говор „Партениј Зографски“. Целта беше да им се помогне со обезбедување на елементарни услови за спокојно секојдневие.
Акцијата е реализирана од „Биди Херој“, иницијатива на тројца студенти од Правниот Факултет – Благоја Филиповски, Ена Урошевиќ, Александра Богдановска.
Добротворната акција беше поддржана од ЗЕГИН (донираа средства за дезинфекција), ОФИС ПЛУС (донираа школски прибор), Општина Карпош (ослободија просторија за собирање на донациите) и Маркети Кит-Го (донираа новогодишни пакетчиња).