BARK premium ги отвори своите врати во најголемиот трговски центар на балканот – East Gate Mall.
BARK e основан уште во далечната 1991 година. Во индустријата за обувки и чанти (во кожната индустрија) е повеќе од 30 години. Не само како трговец на мало, туку пред сѐ како производител на чевли. BARK во своето портфолио има соработки со многу познати германски и италијански брендови. Сега нивните модели стануваат достапни и за македонските потрошувачи. Меѓу познатите брендови кои ќе се најдат на нивните полици ќе може да ги најдете, Tosca Blu, Lemare, Conte of Florence, Fred Mello, US Polo и Chiara Ferragni. А на пролет, пристигнуваат нови 2 бренда кои исто така нема да ве остават рамнодушни, FURLA и John RICHMOND.
Само една прошетка низ нивната продавница, која се отвори денес, 29.10 на првиот кат, може да ве пренесе во светот на високата мода.
Тие веруваат дека на овој пазар му недостасува еден ваков концепт на продавница, бидејќи кај нив ќе можат да се најдат брендирани обувки за мажи и жени кои до сега ги немаше во Македонија. BARK ќе биде дестинација за чевли и ташни за модерните мажи и жени кои сакаат и знаат да уживаат во италијанските луксузни брендови.
Најдобрите парчиња (модели) од нивните колекции можете да ги погледнете на нивните профили Facebook и Instagram @barkshoes.mk.
Комерцијален текст