Почетна » Новости » Актуелно » Предновогодишна донација од Бимилк за социјални здруженија и организации

Предновогодишна донација од Бимилк за социјални здруженија и организации

Во пресрет на новогодишните празници, Битолска млекара традиционално и оваа година додели донација за повеќе семејства во неповолна социјална состојба. Донацијата е доставена до четири здруженија Аутизам МК, Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром Доза среќа, Црвен Крст Битола и Здружение за унапредување на образованието кај ромската популација Ирхом Топаана кои потоа ќе ги распределат до семејствата и своите членови.

Бимилк

Со оглед на периодот на присутност на вируси и настинки и потребата од консумирање производи што го поттикнуваат имунитетот, Битолска млекара донацијата ја состави од Баланс+ имуно млеко со цинк и Битолско млеко со што на овие семејства им се овозможува внесување здрави и имуностимулирачки млека кога тоа е најпотребно.

Стратешката определба на Бимилк е општествено одговорно дејствување, кое многу често се гледа во бројни донации како оваа, а активностите коишто имаат за цел да придонесат за подобрување на состојбата на оние кои имаа потреба од помош, се веќе традиција за компанијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.