Загадувањето на воздухот го чувствуваме кога сме на отворено, но изложеноста на штетните честички во воздухот претставува опасност за нашето здравје и кога престојуваме во затворен простор, особено во домот каде што поминуваме најголем дел од времето. Иако невидливи, штетните честички во воздухот како што се ПМ честичките, прашината, поленот, алергените, влагата, хемикалиите, чадот и различните мириси постојано се присутни во нашиот дом и сериозно влијаат врз нашето здравје предизвикувајќи различни алергии, астма, опструкции на дишните патишта, болки во грлото, несоница и многу други заболувања.
Тогаш, на кој начин може максимално да се заштитиме себеси и нашите најблиски додека сме дома, особено сега кога се соочуваме со пандемија? Треба да создадеме најдобра можна средина за нашето здравје, односно да најдеме ефикасен и брз начин со кој целосно ќе ги отстраниме сите штетни честички од воздухот, особено вирусите и бактериите, без притоа да сме изложени на силни хемиски средства и бучава. Тоа може да се постигне преку филтрација на воздухот.
Постојат различни начини, методи и производи за филтрација на воздухот, но доколку користиме кој било од нив мора да сме сигурни дека тие гарантирано ќе ги отстранат сите штетни честички, дури и микробите. Таквата гаранција единствено ја дава прочистувачот Blueair Health Protect, технолошки најнапреден прочистувач досега кој е единствен на пазарот што докажано и со сигурност ги уништува сите вируси и бактерии во затворените простории. Во исто време најефикасно ги отстранува и сите други штетни честички, вклучувајќи ги и најситните со големина од 0.1 микрон, без вознемирувачка бучава. Blueair Health Protect ги користи најнапредните шведски технологии за да обезбеди целосно чист воздух и да ја донесе свежината на воздухот од шведскиот архипелаг во кој било затворен простор.
Револуционерниот прочистувач Blueair Health Protect има уникатен, патентиран систем за филтрација на воздухот Hepa Silent Ultra, кој истовремено го прочистува воздухот на два начина - електростатски и механички. Оваа постапка супериорно и брзо ги уништува вирусите и бактериите, но и ги филтрира сите други штетни честички, така што семејството ќе биде совршено безбедно додека престојува дома. Иновативната паметна Germ Shield технологија вградена во овој прочистувач постојано ја следи состојбата на воздухот вo просторијата, дури и кога уредот е во состојба на мирување, така што тој алармира и автоматски се активира секогаш кога условите во домот се оптимални за развој на микроби и ги уништува со плазма ефект насочувајќи го филтрираниот воздух буквално до секој агол на просторијата. Со тоа Blueair Health Protect не им дозволува на микробите да се развијат во домот и да влијаат врз вашето здравје.
Овој најнапреден шведски прочистувач сега може да се најде и на македонскиот пазар. Повеќе информации за Blueair Health Protect може да најдете на https://www.filtracija.mk.