Максималната заштита на здравјето на луѓето додека престојуваат во затворени простории, со акцент на квалитетот на воздухот што го дишат е примарна цел на шведскиот бренд прочистувачи на воздух „Блуер“ (Blueair). Водејќи се од таа цел, тимот на „Блуер“ го конструираше најнапредниот прочистувач на воздух досега, „Блуер хелт протект“ (Blueair Health Protect),единствен на пазарот кој докажано ги уништува сите вируси и бактерии во затворените простории. Со тоа овој прочистувач го прави престојот во затворените простории максимално безбеден за здравјето на сите присутни, без разлика дали станува збор за дом, работни простории или поголеми индустриски капацитети.
Најнапредниот прочистувач „Блуер хелт протект“ од неодамна може да се набави и во Македонија.Најиновативната шведска технологија на брендот „Блуер“, кој е светски лидер во технологијата за прочистување воздух, на македонските потрошувачи им се достапни преку овластениот дистрибутер на прочистувачите „Блуер“, компанијата „Екотип“.
Секој дел од овој револуционерен прочистувач е конструиран во Шведска, со цел да обезбеди уникатни перформанси и максимална енергетска ефикасност. Неговата уникатност е во патентираниот систем за филтрација на воздухот „ХЕПА сајлент ултра“ (Hepa Silent Ultra), кој истовремено овозможува воздухот во просторијата да се прочистува електростатски и механички, постапка која супериорно ги уништува вирусите и бактериите. Дополнително, комплетно ги отстранува штетните PM 2.5 честички, прашината, поленот, алергените материи, влагата, хемикалиите, чадот и мирисите од затворениот простор со највисок проток на воздух. Иновативниот „Блуер хелт протект“ е опремен со паметна технологија која ја следи состојбата во просторијата дури и кога прочистувачот е во состојба на мирување, така што автоматски се активира кога условите внатре се оптимални за развој на микроби со што ги уништува уште пред тие да се развијат.
„Идејата за „Блуер“ се роди на една карпа на шведскиот архипелаг во 1996 година и оттогаш се рашири во 60 земји низ светот. Горди сме што свежиот и чист воздух од недопрената шведска природа може да се почувствува и во Македонија преку иновативните прочистувачисо врвни перформанси. Најновиот прочистувач „Блуер хелт протект“ е уникатно, врвно технолошко решение кое ни ја дава неопходната заштита од вируси и бактерии, обезбедува чист воздух во секој дел од денот, а во исто време штеди ресурси и енергија. Тоа е долгорочно решение за да дишеме максимално чист воздух ослободен од сите штетни материи, цел кон која сите во земјава се стремиме“ – вели Илија Андреевски, генерален директор на компанијата „Екотип“.
Овој прочистувач испорачува за 50% повеќе чист воздух од останатите уреди, троши за 55% помалку електрична енергија, многу е потивок од сите достапни прочистувачи и овозможува насочување на протокот на прочистениот воздух буквално до секој агол на просторијата.
Комерцијален текст