Почетна » Новости » Актуелно » Кукуноска: Општеството ги дели професиите на машки и женски, но ние жените ги уриваме стереотипите

Кукуноска: Општеството ги дели професиите на машки и женски, но ние жените ги уриваме стереотипите

Празникот на жената 8 Март низ годиниве требаше да овозможи родова еднаквост, исфрлање на стереотипите за машко - женски работи, професии... Сепак она што е суштинско е дека многу жени покажаа колку се силни, а и со личен пример ги урнаа табуата за местото на жената во општеството.

Марија Кукуноска работи во фирма за безбедност и заштита од пожари и заштита при работа на позиција – менаџер каде секојдневно е во директна комуникација со моменталните и потенцијални коминтенти.

Марија Кукуноска

Секако дека најголем дел од нив очекуваат на оваа позиција да стои машка личност и многупати се изненадени како може жена да работи во оваа дејност и на оваа позиција.

Сте имале ли реакција од ваши коминтенти, за вашата работна позиција и дејност?

- Секако, во многу ситуации, најчесто можеби поради некои стереотипи на размислување дека е ова дејност (противпожарна заштита) во која треба да работат само машки лица.

Но, напротив сметам дека баш таа ситуација и размислување треба ние како жени да ги искористиме на најдобар можен начин и да се позиционираме како храбри и пионери во нешто кое понатаму ќе ни донесе успех.

Сметате ли дека сте во предност пред останатите во оваа дејност?

- Свесна сум за фактот дека сум единствена која е во оваа дејност на оваа позиција и морам да потенцирам дека тоа бара максимална посветеност, знаење, умешност во преговарање и храброст да се носиш со секојдневните предизвици и ситуации. Предноста е во тоа што јас ја сакам својата работа, а успехот не е натпревар со другите жени, ниту пак мажи туку само доказ дека сите треба са се пронајдеме себе без оглед на полот.

Марија Кукуноска

Што би им препорачала на жените?

- Би им препорачала никогаш да не стравуваат да влезат во нов работен предизвик, бидејќи никогаш не знаеме каков потенцијал може да излезе од нас за одредена работна позиција.

Исто така, би ги охрабрила сите жени кои не се реализирале во својата примарна професија да не очајуваат бидејќи сѐ се случува со причина, секогаш да бараат нови предизвици и да бидат што повеќе самомотивирани. Секогаш и секаде да изгледаат убаво и уредно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19756 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.