Adidas е сред нов скандал поради контроверзна кампања.
Популарниот спортски бренд ангажираше машки модел со влакнести гради за да рекламира женски костими за капење од колекцијата „Pride 2023“.
Овој потег предизвика лавина критики за Adidas. Под хаштагот #boycottadidas, илјадници лица на Instagram се вклучуваат во бојкотирањето на Adidas.
„Додека растев, облекувањето на патики Adidas беше момент на гордост. Сега со гордост ги фрлам в ѓубре. Одвратно. Тажно“, „Тоа е тоа, го тргам Adidas од шопинг листата“, „Мажите и жените мора да го сметаат ова за навредливо. Децата се веќе доволно збунети и без да го гледаат ова“ – се дел од коментарите на интернет.
Колекцијата е дизајнирана од дизајнерот Рич Мниси од Јужноафриканската Република. Тој вели дека „колекцијата ги слави самоизразувањето, имагинацијата и непоколебливото верување дека љубовта обединува“.
Twitter корисници го обвинуваат Adidas дека се обидува да ги „избрише“ жените. „Не знам зошто компаниите си го прават ова доброволно. Можеа барем да напишат дека костимот е унисекс, но не го направија тоа бидејќи се работи за бришење на жените. Сте се запрашале ли некогаш зошто ова не се случува за другата страна“ – вели професионалната пливачка Рајли Гејнс, алудирајќи на мажите.
„Тоа што ми го кажува оваа фотографија е дека жените не се важни, дека тие не се доволно добри за да ги презентираат костимите за капење направени за нив“ – дополнува Гејнс.
I dont understand why companies are voluntarily doing this to themselves. They could have at least said the suit is "unisex", but they didn't because its about erasing women. Ever wondered why we hardly see this go the other way?
— Riley Gaines (@Riley_Gaines_) May 17, 2023
Women's swimsuits arent accessorized with a bulge https://t.co/ysHK8e5H9l
Male models wearing bras and women’s swimsuits for “Pride Month”?!?!
— Graham Allen (@GrahamAllen_1) May 17, 2023
I AM DONE WITH ADIDAS!!! pic.twitter.com/qTgz4uTQCn