И во нашата земја започна процесот на вакцинација против КОВИД-19, кој има за цел да стави крај на пандемијата.
Првата вакцина ја прими примариус д-р Добринка Наунова Јовановска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а веднаш по неа беше вакцинирана и главната сестра Габриела Темелковска. И двете ја примија првата доза од вакцината на компанијата „Фајзер“.
Д-р Добринка Наунова Јовановска и главната сестра Габриела Темелковска од Инфективната клиника први ја примија вакцината...
Posted by Венко Филипче on Wednesday, February 17, 2021
Видео
„Ве поздравувам сите. Само можам да ви кажам дека е безболно, се чувствувам одлично и тоа е она што би го препорачала на секој, затоа што ова е единствен начин да се заштитиме од инфекцијата којашто е актуелна цела една година наназад“ – изјави д-р Наунова Јовановска на пресот одржан непосредно по примањето на вакцината.
Видео
Вакцините кои ќе ги прими медицинскиот персонал се донација од Република Србија.