Единствената асоцијација од областа на фотографијата - Фото сојузот на Македонија, годинава прославува 75 години постоење на македонската фотографска сцена. Во рамките на своето работење, Сојузот како носител на фотографската, визуелната и културната традиција на Македонија и оваа година го објави конкурсот за најстариот и најреномиран фотографски настан во нашата држава: „Денови на македонска фотографија“.
На конкурсот може да земат учество професионални но и фотографи аматери, преку кој ќе успеат да се претстават на пошироката македонска јавност. Како и досега, фокусот ќе остане на заокружената целина на фотографскиот процес или печатената форма (принтот).
Жирирањето на фотографиите кое ќе се одржи на 24 април ќе биде составено од следните членови: Др.Проф. Цветан Гавровски - Мајстор на фотографија на Фото сојузот на Македонија, Душан Доцевски - Кандидат мајстор на фотографија на Фото сојуз на Македонија и Мирослав Масин академски ликовен уметник.
Завршната манифестација, секако според соодветните протоколи за заштита и безбедност на сите учесници и посетители е планирана да се одржи во Охрид од 29 мај до 1 јуни на која освен проекции на фотографии, ќе биде претставена и Инстаграм фотографијата.
Рокот за прием на фотографии е 15.04.2021 година.
Пријавата и пропозициите можете да ги преземете овдe:
http://fotosojuz.mk/wp-content/uploads/2021/02/Propozicii-i-prijava-za-DMF-2021.pdf
Одговори на вашите прашања можете да добиете овде: