Ангел Атанасовски од Македонска Каменица, кој оваа година го фати Светиот крст на Водици, ги искористи собраните средства за да им помогне на социјално загрозени семејства.
Според објава на социјалните мрежи, Ангел заедно со неговите другари-верници Валери, Христијан, Роберто, Давид, Христијан, Бобан, Иван и Јован реализираа донаторска акција за помош на семејства и лица во социјален ризик.
„Со собраните средства овие верници набавија неопходни продукти, кои во текот на денешниот ден се распределени на оние што имаат најголема потреба“ – пишува во објавата од delcevo365.mk.