Почетна » Колумни » Сензорни авантури » Колумна: Сензорна интеграција

Колумна: Сензорна интеграција

Сензорната интеграција е невролошки процес каде преку соодветно организирање на сетилните дразби кои сме ги примиле преку сетилата за вид, слух, вкус, мирис, тактилното сетило (допир), проприоцептивното сетило (мускули и зглобови) и вестибуларното сетило (рамнотежа и движење) соодветно реагираме на околината.

Процес кој е присутен кај секој од нас, постојано, започнувајќи во стомакот кај мајката.

Способноста за учење е поврзана со способноста сензорните информации од претходно набројаните сетила да бидат примени, но и соодветно поврзани и сочувани, исто како и говорот, но и дејствијата кои ги преземаме.

Нарушување на некое од овие сетила најчесто доведува до несоодветни реакции на детето кон поставената задача, но и при извршувањето на најобични активности од секојдневието.

Ова е тема со која за прв пат, јас лично, се сретнав пред околу 2.5 години, кога започнав со читање на литература на истата тематика, но и посетував повеќе работилници каде беа давани насоки и упатства за вистинско стимулирање на децата и истите секојдневно ги практикувам.

За совет и проценка, при постоење сомнеж за евентуално постоење на некои дефицити, секогаш препорачувам посета на стручно лице.

Јас споделувам идеи за игри и лични искуства околу истите низ призмата на децата од 3 различни возрасти.

Денес ќе споделам идеи за игри кои се одлични за развојот на секое детенце, независно дали постои некаков вид на дефицити, со посебен акцент на стимулирање на некои сфери.

Една од заблудите со кои најчесто јас се имам сретнато е мислењето дека игрите во домашни услови се единствен начин за изведување на сензорните активности. Морам да кажам дека игрите во природа се незаменливи и дека е неопходен баланс помеѓу игри во домот и игри во природа. Игрите во домот се надополнување на игрите во природа, но не и нивна замена.

Сензорна игра

Денес ќе ја претставам една од нашите омилени игри. Сè што ни е потребно за истата е еден сад и различни мешункасти производи, грав-леќа или слично, зависно што ќе ви се најде во домот на располагање.

Акцентот, покрај тактилниот дел, може да биде ставен кај говорот или пак фокусот/концентрација/поврзување.

Во садот, заедно со претходните производи, ставаме фигури од повеќе домашни животни (алтернатива би било кола, воз). Потребно е детето едноставно да продре со рачето доволно длабоко и да дофати едно животно. Кога ќе го извади, да каже како се вика или каков звук испушта истото.

Дете

Оваа игра е посебно добра за најмалите кои се во фаза на учење нови зборчиња, но и кај поголеми дечиња каде сè уште говорот не е развиен и имаат тешкотии со истиот.

Со посебна внимателност таму каде оралната фаза сè уште не е завршена и постои опасност за ставање предмети во уста. Мој предлог, како соодветна замена на претходно споменатите, би биле некакви коцки, топчиња или слично кои се поголеми и најмалите дечиња не би можело да ги голтнат.

Јас започнав со подготвување на оваа игра од околу 1.5г возраст. Најпрво само со учење на нови зборчиња и соодветно изговорот на истите. Малку покасно, околу 2г. возраст, започнав со додавање на картичките за соодветно класифицирање и сортирање паралелно со изговорот. Тригодишната ќерка сè уште на истиот начин со задоволство ја игра истата.

За поголемите дечиња, со тешкотии во говорот, се препорачува и покасно, без некакви модификации или измени. Во спротивно, се комбинираат покомплицирани шеми на поврзување и акцентот не би бил на изговорот туку на задржување на вниманието и поврзување.

Нашиот логопед за прв пат ме запозна и со терминот корективен фидбек. Во моментот кога девојките погрешно го изговараа зборчето, им давав до знаење дека ги разбирам и дека ме интересира тоа што имаат да го кажат. Иако истото не било правилно изговорено, да не го демотивирам детето со погрешен пристап и дополнително да се повлече и да се пролонгира фазата на прозборување. Едноставно гласно и јасно го изговарав истото во неговата правилна форма после нив.

Овој момент е посебно важен при ваков вид на игри.

Пример

Дете: „УаУ УаУ“
Родител: „Да, тоа е куче. Кучето прави УаУ УаУ“.

Дете: „Аче“
Родител: „Да, тоа е Маче“.

Доколку имаме слики/карти, сеедно ламинирани или друг вид, со слики од животното, детенцето би можело да ги сортира извадените животни врз соодветните карти.

Мислам дека успеав да го доловам принципот на играта.

Може да се учат бројки, букви, бои, форми… и истите да се стават во садовите. Едноставно да се прилагоди на потребите и возраста на детето.

Дете

Се надевам ви допадна играта и малиот вовед. Доколку сакате да прочитате повеќе за Сензорната Интеграција препорачувам литература напишана од страна или според принципот на A. Jean Ayres.

Автор: Oursensoryfamily
Мајка на три мали девојки и водич на едно незаборавно детско патување низ светот на сензориката. Секојдневие исполнето со неуморно истражување на природата и негување на љубовта кон животните, практикување на најразлични екперименти и DIY проекти, многу игри и забава.
Во постојана потрага по балансот во животот.
Длабоко верува дека со работа, труд, упорност и трпение можни се и чуда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19661 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.