Почетна » Колумни » Сензорни авантури » Кои играчки се вистинскиот избор за моето дете?

Кои играчки се вистинскиот избор за моето дете?

Живееме во динамично време каде понудата на играчки за најмалите е драстично зголемена во однос на онаа која нам ни беше на располагање кога бевме деца.

Маркетинг кампањи преку медиумите, инфлуенсери и секаков друг начин каде нè убедуваат дека баш тоа што тие го нудат е најдоброто за нашето дете.

Едно од прашањата со кое голем дел од нас се соочиле е секако прашањето како да се направи правилен избор на играчки за нашите деца.

Не постојат играчки за девојчиња и играчки за момчиња!

Дозволете им на децата да ја развиваат својата креативност и фантазија и не ги ограничувајте. И момчињата играат со кукли и девојчињата играат со алат за работа.

Таблетите и телефоните не се играчки за деца!

Дете

Материјал – На што треба да се обрне внимание?

  • Дали имаат печати-сертификати за квалитет?

Проверка на квалитет е секако добра појдовна точка врз која можеме да се потпреме при одлуката за купување. Доколку не забележиме вакви логоа од голема важност е играчката да ја допреме со раце и едноставно да им веруваме на сетилата.

  • Дали има неутрален мирис или можеби мириса на хемикалии?

Мирисот на хемикалии може да биде индикатор за употреба на хемикалии кои би биле штетни по здравјето на малечките.

  • Дали површината е мазна, без остри делови, посебно кај дрвените играчки или можеби постои шпицест дел?

Постоењето на остри делови е потенцијална опасност и детето би можело да се повреди.

  • Доколку површината е лакирана, дали може да се одмива и плакне?

Доколку при најмало триење останува боја на нашите прсти, тоа е индикатор за лош квалитет. Пластичните играчки не треба да бидат од PVC туку од ABS пластика.

  • Дали големината и тежината е соодветна за малите детски рачиња?

Помалите дечиња започнуваат да играат со поголеми топки, поголеми коцки… Како растат, големината на истите може да се намали. Тежината треба да е соодветна на возраста и практична за детските прстиња.

  • Дали е составена од мали делчиња кои може да бидат опасни по здравјето на детенцето?

Доколку се во орална фаза, бидете особено внимателни со ситните делчиња.

Возраст и ниво на развој на детето

Развојот на секое дете е индивидуален затоа и изборот на играчки треба да го прилагодиме кон него, неговиот карактер и фаза на развој.

На пример: дете со пречки во говор или друга сфера од развојот треба да се стимулира во соодветна насока за да се надоместат дефицитите. Внимателно да бираме играчки кои ќе придонесат во истото.

Дете со проблем да задржи внимание и концентрација потешко би се фокусирало кога ќе му се понуди играчка од типот „2 во 1“ или „3 во 1“.

Деца со хиперактивност или хиперсензитивност не реагираат секогаш позитивно на играчки со гласна музика/звуци или јаки светла.

На колку начини може да се искористи играчката?

Една обична кукла децата може да ја користат при игри со улоги, што е особено важно за детскиот развој и да го шетаат бебето, хранат, успиваат итн.

Дете

Исто и со коцките за градење. Најмалите започнуваат со градење на обична кула, а потоа ја користат фантазијата и градат тврдини и дворци.

Дали играчката која ќе ја купиме ќе задоволи моментална желба на детето и голема е веројатноста потоа да нема интерес за истата или може да се користи на повеќе начини и да ја поттикне фантазијата, креативноста или да стимулира некоја сфера од развојот?

Дали навистина е потребна и дали вистински би ја искористиле истата?

Неодамна, при еден обичен разговор на оваа тема, им го поставив ова прашање на блиски пријатели.

Одговорија дека автомобилот на акумулатор, кој чинел мало богатство, купен за првиот роденден, е едвај искористен.

За ваков вид на поголеми инвестиции треба внимателно да размислиме дали возраста е соодветна, дали има простор за истата, дали имаме услови да ја искористиме, пред сè доколку живееме во стан итн.

Цена

Најскапото не е автоматски и најдобро.

Квалитетот, трајноста и различните начини на игри во кои играчката може да се употреби ја формираат и цената.

Има играчки со одличен квалитет од пластика, целосно безбедни за децата, а од друга страна пак дрвото не значи по автоматизам сигурен квалитет и безбедност за деца.

Посебно да се внимава кај играчките за најмалите дечиња, бидејќи често завршуваат во уста.

DIY Проекти

Дали можам да направам сам и да заштедам?

Да. Со рециклирачки материјали и предмети од домот може да се направат чуда.

Во следната колумна очекувајте повеќе на оваа тема, идеи и рецепти.

Погледнете го мојот избор на едукативни, забавни и сигурни играчки за најмалите.

Дете Дете Дете Дете

Автор: Oursensoryfamily
Мајка на три мали девојки и водич на едно незаборавно детско патување низ светот на сензориката. Секојдневие исполнето со неуморно истражување на природата и негување на љубовта кон животните, практикување на најразлични екперименти и DIY проекти, многу игри и забава.
Во постојана потрага по балансот во животот.
Длабоко верува дека со работа, труд, упорност и трпение можни се и чуда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19726 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.