Почетна » Колумни » Сензорни авантури » Како да започнам со активности за моето дете?

Како да започнам со активности за моето дете?

Стимулирање на фината моторика

Колку и да звучи како клише, најдобриот одговор на ова прашање секој родител може да го даде сам, за своето дете.

Би споменала само неколку насоки според кои се водам јас при организацијата на игрите и активностите во нашиот дом.

Дете
  • Дел од домот, сопствена соба или едноставно дел од дневниот престој, кој е приспособен на потребите на детето, каде ќе се обавуваат активностите (масичка и столче).
  • Вниманието на детето да не биде одвлечено од страна на најразновидни надворешни дразби, во вид на преголема понуда на играчки, ТВ во позадина и сл.
  • Да се спуштиме на ниво на детето кога говориме со него.
  • Да оствариме контакт со очи при задавањето на упатства, задачи и меѓусебната комуникација.
  • Да користиме правилен говор, јасни команди и прашања.
    Дете
  1. Која возраст е детето? Што се треба да знае и умее? Колку и да сакаме да го негираме постоењето на истите, постојат „скокови“ во развојот и просеци добиени врз основа на тоа што сè едно дете на таа возраст може и треба да изврши. Сите деца имаат различни афинитети и склоности, секако дека секое дете не е исто, па нормални и чести се определени отстапки во некоја сфера. Нештата кои детето добро ги владее едноставно ги негуваме и постепено надоградуваме. Останатите ги стимулираме. Одговорите на овие прашања, односно детектирање на некоја слабост, нè водат кон втората точка.
  2. Знаеме која сфера е потребно да ја стимулираме. Како понатаму?

Потребно е да се одбере најдобриот пристап за нашето дете за да му се доближи на најблизок можен начин активноста за стимулирање на сферата во која сме забележале дефицит или едноставно сме почувствувале потреба за вежбање на истата.

Постојат многу начини за стимулирање и обавувавње на вежби за една сфера од развојот. Одберете ја вистинската за вашето, знаејќи ги неговите желби и афинитети.

Фината моторика

На пример, имаме забележано тешкотии при справувањето со различни активности во оваа област. Мој предлог би биле следниов тип на активности (внимание таму каде оралната фаза не е завршена!)

  • Игри со пластелин, каде ќе се активираат прстињата.
  • Игри со кинетички песок.
  • Собирање на трошки или сл. со палец и показалец.
  • Сечење со ножици (најпрво пластелин, потоа и хартија).
  • Одлепување и лепење на стикерчиња.
  • Игра со сунѓери (стискање на истите кога се натопени со вода).
  • Претурање од еден во друг сад (вода, ориз итн.) со различни лажици, црпалки, фаталки, чашички и сл.
  • Редење ЛЕГО.
  • Вежби за графомоторика, од поедноставни кон покомплицирани. Нам ни помогнаа советите, но и вежбите, за графомоторика на специјалниот едукатор Plachka igrachka.

Избор на соодветен прибор

Дете
  • Не заборавајте на соодветен избор на молив, четка за боење и ножици за сечење.
  • Постојат ножички кои се за леваци, ножици со разни големини според возраста на детето и моливи со различна форма кои го олеснуваат држењето на истите.
  • Направете го правилниот избор. Подобро 1-2 кои се ергономски отколку цело паковање од 10 кои не се најдобриот избор.
Дете Дете

Автор: Oursensoryfamily
Мајка на три мали девојки и водич на едно незаборавно детско патување низ светот на сензориката. Секојдневие исполнето со неуморно истражување на природата и негување на љубовта кон животните, практикување на најразлични екперименти и DIY проекти, многу игри и забава.
Во постојана потрага по балансот во животот.
Длабоко верува дека со работа, труд, упорност и трпение можни се и чуда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.