Почетна » Колумни » Ловец на приказни » Во сите нас живее по едно дете!
Ловец на приказни

Во сите нас живее по едно дете!

Пред некој ден бев на лулашки. Најверојатно беа скоро поставени, бидејќи имаше нови содржини како на пример обесено јаже. Кога го здогледав јажето, ми дојде желба да го грабнам и да се лулам на него како Тарзан! Се свртев и погледнав лево-десно, да не ме гледа некој, го фатив јажето, но сепак не се осудив, иако горев од желба да се нишам и да викам на сиот глас. Самата помисла на ова ме направи среќна. Но, не бев толку храбра или будалеста да го направам тоа. Стоев и само го гледав јажето, но не се осудив на акција! А замислете да се обесев и да викав како неарна. Ќе ме собереа и правец во Бардовци. Син ми го грабна јажето и се бесеше и нишаше и за мене. Во тој момент си размислив зошто и возрасните да не можат да прават вакви работи, па не е фер. Така на пример, да направат лулашки за возрасни. Така никому нема да му биде срам да се лула, да се обеси на јаже или да се лизга на лизгалка. Или можеби јас, иако имам свои деца, не можам да го скротам детето во мене.

Жена

Сте посакале ли некогаш да правите лудории, мислам на работи кои би ве направиле среќни, но кои од друга страна се косат со оние општествени норми на однесување? Нешто што е неприфатливо за околината, а забавно за тебе. Познавам луѓе кои сакаат да пукаат и гмечат најлонски балончиња, оние кои се користат за заштита на покуќнина или бела техника при транспорт. Едноставно им прави ќеф. Во сите нас живее по едно дете, само прашање е колку му дозволуваме да излезе надвор. Затоа, според мене, постојат луѓе кои се постојано сериозни и овој тип на луѓе никогаш, никогаш нема да направат нешто забавно од страв да не се посрамотат или едноставно не можат да се опуштат. Познавам еден таков стегнат човек, кој кога ќе се опушти, цело друштво се радуваме на тоа, бидејќи ретко се случува, а тоа е така бидејќи долго се познаваме и не се плаши дека некој ќе го осуди за неговото однесување. Инаку, тој никогаш нема да си дозволи да излезе од оние рамки кои ги наметнува околината. Детето во него е секогаш под контрола. Другата категорија пак на луѓе често го ослободуваат детето во себе. Секако, работите не се црно-бели, кај некои детето е немирно помалку, кај некои повеќе!

Некогаш кога минувам крај некое кафуле и ќе слушнам песна која ја сакам, а мелодијата има заразен рефрен, ми доаѓа да запеам на глас. Но, секогаш се воздржувам иако во себе си потпевнувам. Не можам да се воздржам само за една работа, а тоа е чоколадото на моите деца. Некогаш станувам ноќе за да си лапнам чоколатце, и секогаш тоа го правам со грижа на совест и покрај тоа што знам дека утре ќе им купам друго.

Во секој случај, детето во нас треба да го негуваме целиот живот и се разбира да го „раниме со чоколатца“ оти ако го нема него, животот би ни бил страшно досаден.

Автор: Тоа сум јас
Имам две човечиња на рамена, едно лошо и едно добро. Ова лошото гледам да не дојде до збор. Сакам позитивни луѓе. Тешко е човек да каже нешто за себе, а да не e тоа карактеристика која тој си ја умислил, оти најлесно е кога се зборува за другите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19726 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.