Почетна » Колумни » Антистрес клуб » Стрес и несоница

Стрес и несоница

Во сегашниот момент стотини милиони луѓе во светот патат од несоница, што ја промовира во сериозен проблем на денешницата. Статистиките укажуваат на фактот дека само во САД една третина од популацијата страда од несоница, а десетина милиони луѓе редовно употребуваат лекарства против несоница. Многу луѓе стануваат и зависници од медикаменти поради проблемот со несоницата.

Несоница

Истражувањата кои се направени во врска со неа докажале дека најголемиот процент од причините за несоница паѓаат на терет на стресот и стресните пореметувања, како и на дејството на психичките фактори како што е депресијата, анксиозноста итн. Главните психички симптоми кои ги предизвикува несоницата се: поспаност, замор, пореметување на концентрацијата и вниманието, болки во мускулите, напнатост, загриженост, раздразливост, намалена функционалност итн. Хроничната несоница постапно го исцрпува организмот, станувајќи хроничен стрес за него, и го внесува во зоната наречена прегорување (burn-out), инаку добро позната по своите три фази, чија крајна фаза е развој на тешки болести. Исто така научниците откриле дека повеќедневната несоница го зголемува ризикот од појава на срцев удар и дијабетес тип 2 (шеќерна болест). Од друга страна, таа самата провоцира појава на депресија на психички план, која пак натаму преку хроничното присуство на кортизол во крвта предизвикува деминерализација на коските и појава на остеопороза, како и склоност кон развивање на малигни заболувања.

Стресот и стресните пореметувања, како причинители за несоница, дејствуваат преку зголемување на општата напнатост и будност, но и преку десинхронизација на мозочната активност. Притоа се пореметува хронобиолошкиот часовник во мозокот кој го штити природниот ритам на влегување во сон, наизменичното менување на нон РЕМ и РЕМ фазата во сонот и излегување од него со чувство на одмореност.

Од сето ова произлегува дека основната регулација на сонот треба да се базира на регулација на акумулираниот стрес и враќање на регуларната фреквенција на мозокот при влез во сон. Со тоа би се вратил здравиот сон, но и би настанала нормализација на сите останати, многубројни, физиолошки процеси во организмот. Не случајно на човекот му е одредено да спие една третина од својот живот! Здравиот сон е една од основите на здравиот живот.

Затоа, секој современ човек би требало да употребува соодветни антистрес техники за регулација на стресот. Побарајте ги, меѓу останатите, и на www.antistres.mk и одберете го вистинскиот аудиовизуелен програм.

Автор: Спец. Др. Звонко Џокиќ
Спец. Др. Звонко Џокиќ е меѓународно познат експерт за стрес и психотерапија, автор на проектот Антистрес Клуб (www.antistres.mk) како и на специјалните антистрес програми кои можат да се најдат на порталот. Во неговите колумни ќе пронајдете корисни информации за тоа како да ги надминете стресот и последиците поврзани од стресот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.