Почетна » Колумни » Антистрес клуб » Антистрес клуб: Стресот кај жените

Антистрес клуб: Стресот кај жените

Жените, поради својата специфична биолошка и психолошка природа, се изразено подложни на стресот и развивањето на последици од стресот. Доколку тој не се регулира навреме може да резултира во вид на најразлични психофизички пореметувања. Тие може да настанат на мисловно-емотивен план, на социјален и професионален план, на ниво на хормонални пореметувања, на ниво на функционално и анатомско пореметување на внатрешните органи, како и на ниво на исцрпување и пореметување на имунитетот со развивање на непрегледен спектар од болести.

Жена под стрес

Најчести симптоми и знаци за присуство на стресот во организмот на жената се: замор, исцрпеност, главоболки, болки по телото од нејасно потекло, несоница, грижа, неспокој, лоши мисли, депресивност, напнатост, панични напади, раздразливост, импулсивност, ПМС, ПМДП, пореметување на циклусот, проблеми во сексуалноста, ендокрини пореметувања (најчесто тиреоида), кожни екцеми, алергии, пад на имунитет, пореметена исхрана и телесна тежина итн. Поради сето ова неопходно е секоја современа жена која држи до своето здравје, телото, кариерата и душевната рамнотежа, да усвои ефикасни процедури и техники за регулирање на стресот.

Антистрес и тренинг програмите кои се поставени на порталот www.antistres.mk се извонредна можност за користење на најсовремени програми од таков вид во светот. Овие програми се особено важни доколку жената се наоѓа во специфичен период со изразени притисоци врз личноста и организмот на работа, дома и во заедницата. Препорачливо е да се употребуваат редовно пред менструалниот период, за време на бременоста, по породувањето и при секоја поголема промена во околината која предизвикува реакција на стрес.

Не чекајте, посетете го порталот и тестирајте се бесплатно за да го откриете нивото на стресот кој е присутен во вашиот организам! Доколку е потребно, изберете го препорачаниот антистрес програм и заштитете го вашиот организам од последиците од стресот. Научете како да управувате со стресот, лесно и ефикасно!

Спец. Др. Звонко Џокиќ, невропсихијатар - психотерапевт, во следниов период ќе биде колумнист на Фемина за стресот кај жените. Спец. Др. Џокиќ е меѓународно познат експерт за стрес и психотерапија, автор на проектот Антистрес Клуб како и на специјалните антистрес програми кои можат да се најдат на порталот. Во колумните што следат ќе најдете доста корисни информации за тоа како да ги надминете стресот и последиците поврзани од стресот.

Автор: Спец. Др. Звонко Џокиќ
Спец. Др. Звонко Џокиќ е меѓународно познат експерт за стрес и психотерапија, автор на проектот Антистрес Клуб (www.antistres.mk) како и на специјалните антистрес програми кои можат да се најдат на порталот. Во неговите колумни ќе пронајдете корисни информации за тоа како да ги надминете стресот и последиците поврзани од стресот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19725 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.