Почетна » Забава » Видео » Слатка средба: Мајка горила не може да се оддели од бебенце кое сака да го допре преку стакло

Слатка средба: Мајка горила не може да се оддели од бебенце кое сака да го допре преку стакло

Видео од слатка средба меѓу мајка горила и бебенце растопува срца низ светот.

Во него, горилата Кики се приближува до стаклото во ЗОО градина за да го види малиот Канион кој се наоѓа од другата страна со мајка си Емили. Кики, која и самата неодамна родила бебе, се обидува да го допре и погали бебенцето, додека посетителите воздивнуваат од одушевување. На крајот, на Кики ѝ се придружува и нејзиното синче Пабло.

Видеото било снимено од таткото на бебенцето, Мајкл, кој за средбата изјавил: „Мислам дека ова беше едно од најјаките нешта кои некогаш сум ги видел. Беше многу емотивно за нас тројцата“.

„Двете ги имавме нашите малечки со нас и си ги гледавме меѓусебно бебињата колку се слатки и убави и мали и скапоцени... Таа ме гледаше в очи и можев да видам многу љубов“ – рекла Емили.

Емили

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20829 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.