Видео од итри близначиња деновиве се распространува на интернет.
Во него, малите Кол Александар и Хајден Крисофер се поставени пред искушение на кое не можат да одолеат. Нивните родители им ставаат гумени бонбони на масата и им велат да не ги јадат додека тие не се вратат.
Само што ќе излезат мама и тато од собата, братчињата се погледнуваат едно со друго и посегнуваат по слатките задоволства.
Кол Александар и Хајден Крисофер денес имат по три години, а нивните родители повторно им го поставија истиот предизвик. Погледнете ја нивната нова реакција: