Забавен предлог за брак на плоштад во Италија ги расположи случајните минувачи.
Матео организираше флеш моб за да ја побара за жена саканата Франческа и го сними секој момент.
Во видеото, танчари танцуваат на „Marry Me“ на главниот плоштад во Трст пред вљубениот младич да клекне на колено и да го постави судбоносното прашање. На крајот, среќната девојка не може да си ги задржи солзите.