Инженер од НАСА истовремено се смее и плаче од среќа кога ќе види дека роверот „Perseverance“ безбедно слетал на Марс.
„Татко ми, имигрант кој работи за НАСА 35 години, го приземјува својот 5-ти ровер на Марс“ – напиша неговата ќерка во видеото споделено на TikTok.
@ms11850 Dad Chief engineer of the previous 4 Mars landings logging in to Mission Control as an advisor for Mars 2020 ##fyp ##foryoupage ##mars2020
♬ original sound - ms11850
Алехандро Мигел Сан Мартин е имигрант од Аргентина, кој со голем труд и вистинска „издржливост“ си го остварил сонот да работи во американската вселенска агенција НАСА. Тој работи како главен инженер задолжен за навигацијата и системот за контрола при последната мисија на Марс, но претходно под негово раководство се одвивале уште 4 вакви мисии на НАСА.
Уште од дете, Алехандро ги гледал мисиите „Аполо“, а подоцна станал еден од најистакнатите Латиноамериканци во својата област.
Роверот „Perseverance“ патуваше речиси седум месеци и помина 472 милиони километри пред да влезе во атмосферата на Марс.
@ms11850 Reply to @nikizzle121 It’s been so awesome seeing people get so excited about space!! Here’s some more Miguel, as requested! ##fyp ##foryoupage
♬ original sound - ms11850